Струмица доби италијански конзул

Стојан Витанов, сопственикот на Академијата „АБЦ’’ од Струмица и претседател на Италијанскиот културен центар „Џакомо Леопарди’’, стана италијански конзул со седиште во Струмица.

„Имајќи ја во предвид потребата за развој на активностите и конзуларните услуги надвор од главниот град Скопје, одбран сум за вршење на функцијата конзуларен претставник – Конзул во Струмица кој истиот ке го покрива поширокиот регион поради зголемената побарувачка од корисниците на обезбедување на конзуларни услуги и секако дека Струмица го заслужува тоа’’ – вели Конзулот Витанов.

Во 2009 година на Стојан Витанов му беше врачена и титулата Кавалиере – витез за посебен допринос во развојот на економските и културните соработки помеѓу двете држави, потпишана од претседателот на Република Италија.

Во наредните шест месеци Конзулатот во Струмица ќе добие и простории во кои конзулатски услуги ќе можат да побарат сите граѓани на Реублика Македонија.

Comments are closed.