И втората група играорци од Австралија настапија во Струмица

По гостувањето на КУД „Никола Карев’’, од Мелбурн во Струмица синоќа пристигнаа и членовите на Културно – уметничкото друштво „ Алаксандар Македонски III’’ и КУД „Илинден’’.

Младите играорци на струмичкиот плоштад одржаа едночасовен концерт за струмичани, а кореографијата насловена „Сонце’’ беше посебно припремена како благодарност на топлото добродојде во Македонија.

Покрај гостите од Австралија, на концертот настапија и домаќините – членови на Ансамбл „Тримери’’.

Comments are closed.