Струмичанец навредувал и се заканувал на полициски службеници

 СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.Ѓ.(41) од Струмица, поради сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

На 28 јуни година во с.Монспитово, струмичко во близина на селските гробишта, М.Ѓ. управувајќи товарно возил предизвикал сообраќајна незгода во која оштетил огради од две куќи. Од страна на полициски службеници при обид да извршат увид, истиот почнал да ги навредува и упатува закани.

Comments are closed.