Заев: Повикувам на максимална индивидуална и колективана воздржаност од насилството

Претседателот на Социјалдемократски сојуз на Македонија, Зоран, Заев, денеска одржа прес – конференција на која ги повика граѓаните на воздржаност од насилство како одговор на протестите кои се случуваат поради пресудите во  случајот „Монструм’’.

 Контрапротест на „Македонците кои сакаат да покажат  дека не се кираџии во сопствената држава’’ е закажан преку социјалните мрежи за утре пред Владата на Република Македонија.

„Во името на Социјадемократскиот сојуз остро  ги осудам насилствата што во никој случај не се дозволени за една цивилизира земја каква што е Македонија, како што македонските граѓани во мнозинстото сакат да ја видат својата татковина. Насилството не е решение за  ниту еден проблем. Ја одалечува дополнително Македонија од европските и светските вредности и нашите заеднички цели за евроинтеграции. Повикивам на максимална индивидуална и колективна како народ воздржаност за да се спречат поголеми штети од ова што веќе и се случува на нашата земја. Не постои изговор што може да ги амнестира коалициони партнери Никола Груевски и Али Ахмети за состојбите во државата. Тие двајцата се поеднако одговорни за партизираните институции во  Македонија. Самиот коалиционен партнер во владата на Груевски изрази недоверба во институциите на системот. Сепак, како граѓани на ова земја , секој од нас има обврска да дејствува во насока на смирување на ситуацијата. Нашата обврска е поголема затоа што имаме работа со неодговорна власта, затоа да се воздржиме од насилство и да покажеме зрелост и љубов кон нашата земја’’ – изјави Заев.

На новинарско прашање дали партијата ќе превземе нешто со обвинувањето од некои медиуми дека Социјадемократски сојуз е партнер во нередите, тој одговори:

 „Социјадемократски сојуз нема намера да се суди со новинарите. Ние, напротив се бориме, да по пат на јавните дебати и дискусии ги отвараме сите прашања на државата. Во духот на тоа што не сакаме да тужиме новинари, нема да отвориме судски постапки. Сите знааат  дека рибата смрди од главата, а не од опашката. Ако се опашката граѓаните што протестират овие денови, тоа не е од нив, тоа е од начинот на владеење и политички пораки кој што властодршците ги испраќат во секој момент без да водат грижа за сензибилитетот на нашето мултиетничко  општество“ – додаде Заев.

Comments are closed.