DINO MFU и Коста Хаџикојчев на Струмица опен 2014

Дел од големата сцена во сабота (16 август) на „Струмица опен 2014’’ ќе биде и популарниот диџеј Dino MFU кој со себе ќе го донесе и вокалот Gabriel Russel Live PA. Роден во Њујорк, а од својата 13-та година живее и работи во Грција. Има свој сет на грчки и италијански радија, а неговите хитови од неодамна го пополнија радио-етерот во Македонија.

Коста Хаџикојчев е млад гевгеличанец кој својот талент најпрво го презентираше на популарното талент-шоу „Македонски идол’’ по што продолжи на музичко школување во училиштето Беркли во Бостон.

Во Струмица ќе го видиме во недела (17 август) заедно со неговиот бенд BigFoot.

 

Comments are closed.