Претседателот на Советот Христов им честиташе на учениците кои што победија на Детскиот семафор

Претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов, денеска организираше прием за учениците и останатите членови на екипата која што го освои првото место на државниот натпревар за ученици од основните и средните училишта „Детски семафор“.

Учениците од општинските основни училишта „Даме Груев“ од Куклиш и „Маршал Тито“ од Муртино, како претставници на екипата на Струмица, под менторство на наставникот Ацо Атанасов, го освоија првото место во екипна конкуренција.

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата целосно ја поддржа оваа сообраќајно воспитна активност, а во негово име големиот успех на наградените ученици им го честиташе и претседателот на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, Зоран Узунов.

-Денеска бевме почестени со прием од страна на претседателот на општина Струмица поради една убава прилика која ни ја овозможија нашите ученици од општинските основни училишта, освоено прво место во натпреварот „Детски семафор“, меѓу 15 екипи во државата, и тоа во мала и голема група. Благодариме за поддршката што ја дава општина Струмица, Советот и градоначалникот Зоран Заев за овие натпревари. Јас, од името на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, им честитам на овие дечиња и им посакувам и понатаму да освојуваат вакви места, рече Узунов.
Честитајќи им го големиот успех, општина Струмица на членовите на екипата им врачи пригодни подароци

Comments are closed.