Шестчасовно гостување на „ХИВ караванот’’ во Струмица

Струмица е шести град по ред во кој синоќа гостуваше „ХИВ караванот’’. Музичкото – театраска забава траеше од 19:00 – 01:00, а посетители можеа да ја погледнат претставата „Умри машки’’ како и да уживаат во настапите на локалните музички групи.

Посетата на „ХИВ караванот’’ имаше за цел зголемување на видливоста и ефикасноста на превентивните програми за ХИВ и туберколоза кои се имплементираат во Струмицаво рамките на проектот „Одржување на ниска преваленца на ХИВ во РМ, одржлив развој – застапување, комуникација и социјална мобилизација’’.

Како што велат организаторите од НВО „ИГПо’’, во Струмица нема пријавен ни еден случај на особи заразени од ХИВ.

Comments are closed.