Познатиот струмички стилист Марјан Петров месецов ќе ги „почести“ струмичанки со нешто ново

Имено, ќе отвори фризерско студио на старата чаршија до „Џидало“. Студиото ќе се вика „Магија“ и, како што вели Петров, струмичанки ќе доживеат вистинска естетска магија кога ќе го посетат.

Во фризерското студио струмичанки освен што ќе можат да добијат целосна услуга за својата коса, ќе можат и да добијат професионална шминка. Отворањето е закажано на 19 јули.

Марјан Петров до пред еден месец беше на годишна обука во една од најпознатите српски академии за стилисти „Пањковиќ“ каде што беше пратен како практикант во Истанбул и Франција.

Престојот во странство на Петров му овозможи да работи и со многу познати манекенки.

Comments are closed.