Општинскиот сервис „Систем 48“ ја освои довербата на граѓаните

Општинскиот сервис „Систем 48“, како прв сервис од ваков тип во Република Македонија, се повеќе ја добива довербата на граѓаните, со што од месец во месец постојано се зголемува бројот на пријавите од граѓаните.

Според Македонка Манолева, референт за координација на пријави од граѓани во „Систем 48“, рекордни, 162 пријави се доставени во текот на изминатиот месец.

-Од доставените 162 решени се 127 пријави, а останатите се во процес на решавање. Најголем дел од пријавите се од областа на уличното осветлување 80, а останатите од собирање смет, водовод и канализации и од областа на општинските инспекциски служби. Инаку, во изминативе шест месеци се доставени вкупно 645 пријави од нашите граѓани, од нив решени се 567 пријави, останатите 87 се во процес на решавање бидејќи се пријави кои се однесуваат на проблеми за чие решавање е потребно подолго време од 48 часови. Со овие податоци сакаме да им покажеме на граѓаните на општина Струмица дека транспарентното и јавно работење, но и квалитетната услуга и условите за живеење, се едни од нашите основни цели и мотиви за работа. Ги повикуваме сите граѓани на општина Струмица, навремено да ги пријавуваат своите проблеми и барања и заедно со Градоначалникот и службите на општина Струмица да учествуваат во подобрувањето на квалитетот на живеењето и функционирањето на општина Струмица, рече Манолева.

Општинскиот сервис „Систем 48“ од 2011 година е во служба на граѓаните на општина Струмица, а пријавите се доставуваат на бесплатниот телефонски број.

 

 

 

Comments are closed.