Општина Струмица го одбележа денот на сесловенските просветители

 

Со свечена академија, општина Струмица синоќa во Домот на АРМ го одбележа празникот на просветата, Св. Кирил и Методиј.

Градоначалник Зоран Заев им го честита празникот на учениците и наставниците.

„Утрешниот празник не е обичен празник, ами ден кон кој треба да се однесуваме со должна почит и благодарност, ден кој со своето значење навлегува во најчувствителните корени на нашето постоење и го апострофира еден од најсензитивните белези на нашиот идентитет. Драги ученици и наставници, ако се согласивме дека Светите браќа направиле револуционерен потфат со својата азбука, оставајќи непроценливо богатство за вечни времиња, тогаш вам ви останува полесниот дел од задачата, да го чувате и негувате она што го оставиле. Нека ви е честит и вековит, утрешниот празник’’ – се обрати на учениците и наставниците градоначалникот Заев.

На свечена академија се изведе и културно – уметничка програма во која настапија дечињата од „Детска радост’’, учениците од основните и средните училишта и ООМУ „Боро Џони’’.

Comments are closed.