Струмичките матуранти го изведоа танцот квадрил на плоштадот

Преку 300 матуранти од средните училишта од Струмица денеска учествуваа во најголемата матурска забава во светот.

Точно напладне на струмичкиот плоштад тие го заиграа танцот квадрил и салса во рамките на „Матурска парада 2014“.

Оваа манифестација во Струмица се одржува по шестти пат. Квадрилот е танц кој што потекнува од Франција, а меѓународната манифестација матурска парада е покрената во 2011 година во Словенија.

 

Comments are closed.