Заев и општина Струмица ќе помогнат на повредените струмичани

Градоначалникот на Струмица, Зоран Заев, денеска ги посети повредените сограѓани во вчерашната сообраќајна несреќа, кои се наоѓаат во болниците во Белес и Штип. Таму тој разговараше и со нивните семејства.

Градоначалникот Заев очекува дека надлежните органи ќе спроведат ефикасна истрага за утврдување на причините засообраќајната несреќа во којашто беа повередени повеќе граѓани.

Денеска сме овде да се понудиме како нивна општина, да се најдеме и на нив и на нивните семејства, полесно да го пребродат овој дел од својот живот, додека секако зараснат повредите и бидат залечени нашите сограѓани.
Воспоставивме контакт како тоа да се направи, како да се помогне и навистина ми е драго што имало Господ во самата несреќа да нема човечки загуби, за да можат овие наши сограѓани побрзо да се вратат дома во нормалниот живот.   
 
 

 

Comments are closed.