ОРЦЕВ: Ова се избори кои ја решаваат судбината и иднината на РМ

Денеска во просториите на ОО СДСМ Струмица, Панче Орцев, кандидат за пратеник од редовите на СДСМ Струмица одржа прес конференција. Во прилог интегрален текст од прес конфернцијата.

,,Почитувани граѓани,

За жал и покрај сите наши обиди и покрај сите настојувања на СДСМ преку борба на идеи,размислувања, програми да му дозволиме на граѓанинот на слободен и демократски начин да одлучи кој сака да го води, тоа е невозможно. Уште во првиот круг на претседателските избори власта ни покажа на сите дека нема да го почитува ниту Изборниот закон, ниту другите закони во РМ. Имаше невидени злоупотреби од страна на сите државни институции,а непрофесионалноста на медиумите го достигна врвот.
Во последните две недели тоа ги надмина дури и сите наши најцрни очекувања.

Оваа власт, на чело со ВМРО-ДПМНЕ и Груевски едноставно го извади на виделина својот диктаторски карактер. Без ниту збор одговор на големите криминали и злоупотреби што ги направил , Груевски даде наредба да се удри со сите недозволени средства ,за да ја добијат Струмица на нечесен начин. Нашата општина е полна со инспектори од сите области , шетаат и се закануваат , се одземаат лични карти , се делат пари, се потпишуваат лажни договори за откуп, се нудат вработувања, летаат записници за казни па дури и притварање на луѓе. Го малтретираат сопствениот народ до коска.

Почитувани граѓани,

Едно е сосема јасно, ова не се обични избори, ова се избори за СЛОБОДА И ДЕМОКРАТИЈА. Ова се избори кои ја решаваат судбината и иднината на РМ.
Затоа Ве повикувам сите. Да излеземе и да го дадеме својот глас. Да гласаме слободно и демократски. Тоа е наше право, но и граѓанска должност. Од секој од нас зависи судбината на оваа земја и судбината на граѓаните. Зад параванот ние сме господари на нашата слобода и иднина. Ние решаваме каде ќе се движи Р. Македонија, кон просперитет или кон пропаст .
Ве повикувам да гласате за број 1 за листата на пратеници и за број 3 за претседател на РМ.
Да завршиме со криминалите и злоупотребите на оваа власт.
Да ја вратиме слободата и демократијата.
Да свртиме нов лист за доброто на нашата татковина.
Да направиме промени за подобра иднина.

Ви Благодарам.’’

Comments are closed.