Локвенец: Оваа власт мора да си оди да не потклекнуваме на заканите и уцените

„За демократијата мора да се избориме. Нашата земја е нашиот дом, ако ја завршиме нашата работа таа ќе биде дом и на нашите деца. Затоа на 27 април да покажеме како се бранат интересите на земјата. Да докажеме дека и на избори се соборуваат диктатури“ рече во своето денешно обраќање носителот на листата на СДСМ и коалиционите партнери во четвртата изборна единица, Хари Локвенец.

Тој ги повика граѓаните да не потклекнуваат на заканите и уцените и да одговорат на најголемиот предизвик досега, за враќање на слободата, демократијата, достоинството, за спас на државата.

-Ова е најголемиот предизвик досега, затоа што и првиот круг од претседателските избори покажа дека и покрај евидентното опозициско расположение во земјава, системскиот притисок на власта и механизмите што таа ги употребува, спречува да дојде до израз вољата на народот. Но ние во СДСМ, ви тврдам, сме поцврсти од  било кога, таа волја на граѓаните да се спроведе. Над 320 илјади граѓани се одважија и ги поддржаа промените што СДСМ ги почна со претседателскиот канидидат Стево Пендаровски. Уште огромен број останаа дома од разни причини, но тој нивен потег е НЕ за власта којашто 8-ма година по ред ни ја уништува државата. Време за чекање повеќе немаме. Мора да го запреме расипничкото однесување на Груевски и неговите послушници. СДСМ има нови луѓе, нови идеи и решенија како да ги врати парите назад кон граѓаните. Како да ја департизира државата и да овозможи секој во неа да се чувствува среќно и достоинствено зашто секој кој се родил на ова парче земја, го има тоа право, рече Локвенец.

Comments are closed.