ГАВРОВСКА: Благодарение на неуспешната работа на владата, земјоделците се внесени во тесно

Денеска, кандидатот за пратеник од редовите на СДСМ одржа прес конференција. Во прилог интегрален текст:

 

,,На неколку денови пред вториот круг на претседателските и предвремените парламентарни избори, продолжува дрскоста на владејачката гарнитура.

Се користи секој можен начин, да се уценуваат граѓаните  во нашиот регион.

Благодарение на  неуспешната  работа на владата, земјоделците се внесени во тесно, и имаат проблеми со продажбата на своите земјоделски производи, конкретно со зелката.

Вчера и денес на терен се  пуштени инспектори, предводени од aктивисти на ВМРО ДПМНЕ,  кои ги уценуваат откупувачите да започнат со откуп на зелки, без разлика на тоа што пласман за истите нема. Поради сите тие перипетии, граѓаните вчера и денеска  денот го поминаат во исчекување, загрижени за судбината на своите производи.

Наспроти сето тоа, носителот за парлемантарните избори во нашата изборна единица, Зоран Ставревски, безгрижно и безочно се шета по регионот, и ветува брда и планини, а сегашната ситуација е катастрофална. Нивниот проблем е што мислат дека институциите им се како прирачно помагало, и максимално ги злоуптребуваат за да ги уништат нашите граѓани, а не дека тоа се институции кои се платени од граѓаните, и треба да бидат сервис за истите.

Целта на секоја влада е да биде сервис на граѓаните, да се грижи за нивните интереси, успешно да ги менаџира ситуациите со обезбедување на отворени пазарни зони, а не да уценува една група граѓани, со цел да профитира на кратки патеки.

Почитувани, сето ова може многу лесно да го промениме. За неколку дена оваа криминална власт можеме да ја пратиме во историјата, и гордо да се насочиме кон иднината. Време е да ги вратиме насмевките на нашите лица, да чекориме кон подобро утре, време е за промени кои ќе значат нов почеток.

Се ближи 27 април, денот на изборите, кога сите овие уцени, подмитувања, треба да ги оставиме зад себе и да гласеме зад параванот, каде никој не не` гледа, и да ја извојуваме победата над криминалот и диктатурата во Република Македонија.’’ – рече Живка Гавровска на денешната прес конференција.

Comments are closed.