ОРЦЕВ: Новата Влада на СДСМ во својот 4 годишен мандат ќе се посвети на целосно интегрирање на лицата со посебни потреби

,,Република Македонија  според Устав  како социјална држава должна е да создава еднакви можности на лицатата  со посебни потреби.

Изминативе години владата на ДПМНЕ наместо вистинска грижа за оваа категорија на граѓани,наместо вистински да им ги решава проблемите, со популистички мерки ги искористуваше за сопствени цели,за политички поени.

,,Новата Влада на СДСМ во својот 4 годишен мандат ќе се посвети на целосно интегрирање на лицата со посебни потреби во општествените текови и создавање на еднакви можности  со цел и оваа категорија да ги ужива основните човекови права.’’ – изјави Панче Орцев на денешната прес конференција.

За таа цел во буџетот ќе ги зголемиме средствата за имплементација на Конвенцијата Обединетите нации за правата на лицата со посебни потреби,

-Стриктна и неселективна примена на законите за целосен пристап на лицата со посебни потреби до сите  институциите и до новоизградените колективни објекти,

-Систем за рано откривање на децата со попреченост преку воведување на лично досие,

-Ќе ги трансформираме посебните основни училичта во ресурсни центри,ке се зголеми пристапноста и ке се подобат усливите за студирање,

-ЌЕ СЕ ВОВЕДЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНА КВОТА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ВО ДРЖАВНАТА И ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА,

-Ќе се формира национален совет за заштита и унапредување на положбата на лица со посебни потреби со претставници од невладини здруженија , институции и семејствата на лица со посебни потреби,

-Ќе го ревидираме Законот за вработување на инвалиди со цел да се спречи злоупотребата на парите кои ги дава државата за лицата со посебни потреби,

-Ќе се воведе право на скратено работно време за лица со посебни потреби,

-За еден од родителите на деца со посебни потреби ке воведеме законска можност  за скратено работно работно време со цел износ износ како и можност  за предвремена пензија или заокружување на стажот на 20 год. Со право на целосна пензија,

-Ќе се зголеми за 40% надоместокот на плата за скратено работно време подади нега на дете  со телесни или ментални пречки во развојот,

-Ќе ја прошириме позитивната листа на ортопедски помагала,

-Ќе ги олесниме процедурите за стекнување на право на паричен надоместок за мобилност ,ова право ке можат да го користат и лицата сместени во установи,

-Ќе се воведе законска обврска за формирање на локални волонтерски служби за поддршка на лица со посебни потреби

-Децата со аутизам ќе имаат целосен третман, од рано откривање, стручна поддршка,  здравствена заштита , секоја поголема општина ќе биде должна да отвори функционален дневен центар, а на ниво на држава ќе се формира Национален центар за дијагностика на аутизам,

Почитувани граѓани,

 Ова се дел од мерките кои новата влада на СДСМ ќе ги преземе за подобрување на статусот и положбата на лицата со посебни потреби,очекуваме поддршка од вас за да може да го реализираме овој хуман проект,затоа направете разлика и ИЗБЕРЕТЕ ПРОМЕНИ ЗА НОВ ПОЧЕТОК!’’ - изјави Панче Орцев на денешната прес конференција.

Comments are closed.