Милановиќ: Македонската историја не памети такво сеење страв , такви уцени, притисоци и закани

„Македонската историја не памети такво сеење страв , такви уцени, притисоци и закани, таква тортура врз населението. Дури и во петвековното османлиско владеење, поробувачите имале поголемо разбирање за луѓето, отолку сега. Велат има разлика.  Да, почитувани граѓани има разлика,  но Разликата е во тоа што денес удира Македонец врз Македонец, брат врз брат , свој врз своите. Не е тоа ништо ново од ВМРО ДПМНЕ, но што е многу, многу е. Деновиве сме сведоци на невидено тероризирање врз граѓани од Попчево, Рич, Нова Маала, Висока Маала, Просениково, Банско, Баница, Турското маало во Струмица и низ сите други населени места во струмичкиот регион , а така е и низ цела Македонија. Сите институции почнувајки од Шумска полиција, МВР, социјалните служби предводени од владини и партиски функционери се ставени во функција на изборните штабови на ДПМНЕ.” - изјави на денешната прес конференција  Миле Милановиќ, член на Извршен одбор на ОО СДСМ – Струмица.

,,Потсетуваме дека постапките што ги правите во смисла на притисоци, уцени и закани, собирање лични карти, притворање и спроведување на наши активисти од страна на МВР и ред други репресивни мерки кои ги применувате врз луѓето претставуваат основ за кривично гонење.

Еве Ви дел од видео материјалот од реакциите на дел од жртвите на таквата репресија.

Покрај овие случаи на притисоци, МВР во раните утрински часови врши повикување на поголем број лица претежно од турското маало на иформативен разговор во полицијата што, несомнено, претставува заплашување во пресрет на изборите. За таа цел СДСМ им стои на располагање на сите граѓани кои се жртви на такви репресии со давање на бесплатна правна помош. Сите овие случаи СДСМ веќе ги има документирано и истите се доставени до канцелариите на ОБСЕ и ОДИХР како и другите релевантни институции во земјата.

 Почитувани сограѓани,

Доста живеевме во страв, доста ја трпиме оваа тортура, да и кажеме збогум на оваа гарнитура и да застанеме на страната на правдата.

На Македонија и се потребни ПРОМЕНИ, на Македонија и се потребни НОВИ ЛУЃЕ кои најпосле ќе почнат да работат за доброто на Нашата Татковина.’’ – изјави на денешната прес конференција  Миле Милановиќ, член на Извршен одбор на ОО СДСМ – Струмица.

Comments are closed.