Орцев: Каде е Груевски да им го плати тутунот на излажаните тутунари?

Кој не работел и не произведувал тутун не ја знае тутунската мака. Еден од тие кои не знае што е мака е Никола Груевски, рече денеска кандидатот за пратеник на СДСМ, Панче Орцев, пред граѓаните на општина Конче.

Тој го обвини Груевски за ниската цена на откупот на тутунот и за многуте излажани тутунари кои сеуште го немаат наплатено својот труд. Државата, Министерството за земјоделство и инспекторите учествуваа во уништување на тутунарите. Како оваа власт и даде лиценца за откуп на тутун на фирмата – човек „Томи – Мит“ , која излажа неколку стотина тутунари, праша Орцев.

„Каде е сега Груевски да им го плати тутунот на овие излажани луѓе, кадае е банкарската гаранција што морал да ја има „Томи – Мит“. Дали повторно работеле за полнење на своите џебови. Како власта нема срам да дојде повторно овде во Конче меѓу тутуно-производителите и да бараат подршка, рече Орцев.

Кандидатот за пратеник на СДСМ на жителите им порача дека новите мерки што ги предлага Социјалдемократскиот сојуз нудат решенија за тутунот.
„ Заштита на тутунот и измени на законот за тутун како и договор кој ќе се почитува . Контрола на државата во сите процеси и навремени субвенции. Ќе понудиме цена достојна за тутунската мака, затоа бараме промени и да свртиме нова страница“, истакна Панче Орцев.

Орцев на граѓаните од населените места во радовишко им порача дека секој мора да има достоинствен живот за својата мака.

Comments are closed.