Даскаловски: Владата на СДСМ ќе го зголеми буџетот наменете за образованието

,,Во изминативе 8 години од владеењето на ДПМНЕ  образованието во Р. Македонија  е  целосно деградирано и  партизирано. Образовните политики беа носени без јасна стратешка цел и без анализа за нивните ефекти,при што се потрошени огромни буџетски средства.” – изјави Марјан Даскаловски на денешната прес конференција што се одржа во просториите на ОО СДСМ Струмица.

,,Нашите деца заслужуваат подобро образование . За таа цел,Владата на СДСМ  ке ги преземе следите проекти:

Повеке пари за образование и наука.

Владата на ДПМНЕ за образование издвојува само 3,5% од БДП,ОВА НЕ  Е ДОВОЛНО.Владата на СДСМ до крајот на мандатот ке го зголеми буџетот наменет за образование на 4,5% од БДП.

Владата на СДСМ ке направи:

-Целосна реформа на предучилишното  и средното образование,

-Зголемување на опфатот на деца од 4-6 год. во градинките со зголемување на капацитетите на детските градинки  во целата држава, со за 4 год. опфатот ке го зголемиме на 50%,

-Во руралните средини ќе се организираат подвижни градинки со што ќе се обезбеди за секое дете најмалку двочасовен престој. Овој опфат ќе биде бесплатен за  општините кои имаат намалување на популацијата,

-Предучилишниот период ќе трае 2 год. ќе се задржи деветтолетката, првите 5 години во основното образование ќе се оценува описно.

-Средното образование ќе се реформира според потребите на пазарот на трудот и во соработка со приватниот сектор, првите кадри ќе се вклучат по 1, 2 или 3 години средно стручно образование  на 16-17 год. возраст, Истовремено ќе го задржиме четиригодишното стручно образование и гимназиското  образование,

-Ќе го укинеме екстерното оценување што е траума и за учениците и наставниците,

- Ќе се воведет стандарди за подготовка на учебници, Министерството нема да се занимава со издаваштво како до сега што е основ за криминал,

-Ќе го подобриме студенскиот стандард и стипендирањето,

-Ќе воведеме државна квота на бесплатно студирање на најдобрите матуранти,

-Секој студент ќе добие електронска картичка за студентски поволности; бесплатен јавен  градски превоз, попуст за исхрана, концерт, театар, спортски настани. Студентските организации ќе водат база на студентски вработувања, студентски домувања.

-Бесплатен јавен превоз и попуст во меѓуградски превоз за студенти,

-Ќе се реновираат постојните студенски домови,ке се изградат низ внатрешноста нови  а во Скопје ке се  изгради студентски град,

-Во високото  образование ќе ја вратиме автономијата на универзитетот, со што ќе го вратиме угледот и достоинството  на професорите, како и процес на реформи и департизација на државните универзитети,

Ова се само дел од  мерките на СДСМ за подобрување на состојбите во образованието.Има уште многу мерки во Програмата, прочитајте ја и направете разлика – ИЗБЕРЕТЕ ПРОМЕНИ.’’ – изјави денеска Даскаловски

Comments are closed.