Одбојкарите на Струмица станаа државни шампиони

Одбојкарите на Струмица ја освоија шампионската титула во државниот шампионат на Македонија. Струмичани попладнево во спортската сала „Димитар Влахов“ со максимални 3:0 по сетови 25:18, 25:15 и 25:18, го совладаа тимот на Синалко во третиот натпревар од финалната серија на плејофот.

струми За Струмица ова е третата шампионска титула, откако првата ја освоија во 1994 година, втората пред две сезони односно во 2012 година. Струмичани сезоната ја завршија со двојна круна, откако претходно пред две седмици успешно триумфираа во Купот на Македонија.

 

 

 

Александар Ванев

Comments are closed.