Даскаловски: Помалку пари за државата ќе значат повеќе пари за граѓаните и стопанството

Изминативе осум години од владеењето  на Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ, беше период во кој власта континуирано ја ставаше својата алчна рака во џебовите на граѓаните и стопанствениците, рече денеска на прес конференција кандидатот за пратеник на СДСМ, Марјан Даскаловски.

Ви го испраќаме интегралниот текст.

Драконските казни и многу новоизмислени давачки по разни основи, беа мерките со кои власта безмилосно ја полнеше државната каса  и уште побезмилосно ја празнеше.

СДСМ сосема спротивно од ВМРО ДПМНЕ, смета дека помалку пари за државата ќе значат повеќе пари за граѓаните и стопанството.

За таа цел, идната Влада на СДСМ на чело со Зоран Заев ќе ги превземе следните чекори во даночната политика:

-Враќање на 15% платениот  ДДВ кон сите крајни потрошувачи , со што кон граѓаните  годишно од буџетот ќе се враќа 130 милиони евра,

-За приходите од земјоделска дејност нема да се плака данок,

-Ќе воведеме праведни даноци, повисок данок за најбогатите, а намалување на данокот на останатите категории на обврзници,

-Ќе воведеме персонален данок на доход со две даночни стапки од 9% и 18 %, а ќе воведеме и даночни ослободувања,

- На граѓаните кои имаат месечен личен доход  од 12.000 денари ќе им биде враќан персоналниот данок, со што годишно ќе добиваат дополнително од 3. 200 до 5. 800 денари

-Граѓаните кои имаат годишен приход  од 720 000 денари ќе бидат оданочувани со персонален данок на доход  по даночна стапка од 9% наместо досегашните 10%,

-Ослободување од данок на добивка за период од 3 години на претпријатијата кои ќе вработат на неопределено време најмалку 50 лица, на повратници од странство кои ќе основаат бизнис, а доколку вработат најмалку 50 лица, ослободувањето може да продолжи уште 2 години, даночни обврзници во недоволно развиени подрачја.

-Целосно ослободување од данок на добивка на претпријатија кои секоја година го зголемуваат извозот за 20%, претпријатија кои ќе вработуваат, професионално рехабилитираат лица со инвалидитет, сразмерно со учеството,

-Намалување на данокот на добивка за 50%  во првата година оние кои за прв пат ќе отпочнат бизнис,

Но, најважно од се, новата Влада на СДСМ нема да ја користи казнената политика за полнење на буџетот , ниту за заплашување и затварање на фирмите,  туку  ќе ги намалиме казните за 50% а пред да бидат изречени   превентивно ќе се делува со опомена за отстранување на неправилностите.

Овие мерки ќе придонесат граѓаните да бидат побогати, посреќни и задоволни од вратеното достоинство.

Затоа, направете разлика и изберете ПРОМЕНИ ЗА НОВ ПОЧЕТОК!

Comments are closed.