Мерките на СДСМ ќе го запрат иселувањето на младите

Кандидатите за пратеници на СДСМ Марјан Дасскаловски и Панче Орцев се сретнаа денеска со младите пред кои ги промовираа мерките со кои ќе се овозможи пристоен живот во сопствената држава. Овие мерки ќе го запрат иселувањето  на младите, истакнаа Орцев и Даскаловски.

„Трагично е за една земја, како Македонија, над 400 илјади луѓе да се наоѓаат на печалба по туѓите држави. Токму затоа, идната влада на СДСМ ќе реализира низа мерки со кои ќе го запре овој тренд и ќе им овозможи на младите пристоен живот во сопствената држава, покрај своите семејства“, изјави Даскаловски.

 Кандидатите за пратеници на СДСМ разговараа со младите за решавање на проблемите и ги промовираа низата мерки на СДСМ.

Факт е дека повеќе од  50 проценти од младите се невработени и 75 проценти од нив својата перспектива ја гледаат во западноевропските земји. Затоа тука  ја вклучуваме црвената тревога со сет на програмски решенија што ги нуди  новата влада на СДСМ, истакна Орцев.

 „ Секој млад човек да добие еднаква шанса да се образува,низа поволности во делот на кредитирање како и подобар студенски стандарт. Ке направиме студенски град  и студенски домови насекаде во државата каде што има факултети. Ќе ги ослободиме од плаќање на социјален придонес сите работодавачи кои ќе вработат млади лица до 29 годишна возраст во период од 1 година со услов да ги задржат најмалку 2 години. Ќе субвенционираме вработување на невработени млади лица на возраст до 29 години со месечна финансиска подршка за период од 6 месеци со обврска работодавачот да ги задржи најмалку уште 18 месеци, како и низа останати мерки што ги нуди СДСМ, рече Орцев.

Со овие мерки што СДСМ ќе ги спроведе во дело, откако ќе ја добие вашата доверба невработеноста во Република Македонија ќе добие тенденција на континуирано опаѓање, а младите достоинствен живот, истакнаа Орцев и Даскаловски.

Comments are closed.