Даскаловски: Со мерките за заштита на животната средина на СДСМ до поголемо здравје на граѓаните

Задушени градови, загадени реки и езера, опустошени шуми и ридови од бесправна сеча на дрва, како и уништување на зелените градски појаси од страна на власта и континуирано одложување на примената на еколошките стандарди од страна на индустриските загадувачи, вака власта на Никола Груевски се грижеше за животната средина во државата, рече на денешната прес конференција кандидатот за пратеник на СДСМ во изборната единица 4, Марјан Даскаловски. Тој додаде, дека единственото нешто што божем го прави власта, е акцијата “Ден на дрвото” која повеќе служи за перење на пари, отколку што ги дава посакуваните резултати. Наспроти негрижата на ВМРО ДПМНЕ во делот на животната средина, СДСМ во својата програма предвидува повеќе мерки со кои ќе ја потврди грижата за сегашните и идните генерации.

-Ќе се обезбедат повеќе средства во фондот за заштита на животната средина. Покрај буџетските средства, во голема мера ќе се користи моделот јавно приватно партнерство преку кое ќе се реализираат проекти за решавање на проблемите со отпадот, загадување на водата и зачувување на биодиверзитетот. Со буџетски средства и моделот на јавно приватно партнерство ќе се финансира изградба на регионални депонии и фабрики за преработка на отпад. Ќе се направи идентификација на средините кои што се загадени со отпадни води и ќе се пристапи кон изградба на станици за третман на отпадни води и нивно прочистување. Ќе се субвенционира вградување на плински уреди во моторните патни возила до 1600 кубици. Исто така, ќе го засилиме субвенционирањето на користење на обновливите извори на енергија, сонце, ветер и ќе ги поедноставиме постапките, а посебно ќе ги поттикнеме луѓето од руралните подрачја да ги користат овие субвенции. Ова ќе го направиме за здравјето и доброто на сите граѓани и за здравата иднина на генерациите кои доаѓаат по нас, рече Даскаловски.

Comments are closed.