Локвенец: Енергијата за промени ја црпеме од граѓаните

Носителот на листата на СДСМ и коалициските партнери во изборната единица 4, Хари Локвенец, денеска со својот тим ја промовираше изборната програма на средби со граѓаните во Кавадарци.

-Премногу е  очигледно и очекувањето и потребите на граѓаните од промени. Ние, оваа битка ја продолжуваме со несмален интензитет, а енергијата ја црпеме од вас, граѓаните на Република Македонија, рече Локвенец. Тој го повика на тв дуел, Зоран Ставревски и му порача да не се крие зад ароганцијата, циничната насмевка и своите малициозни обраќања.

Comments are closed.