ДАСКАЛОВСКИ: Невработеноста е еден од најгорливите проблеми во Република Македонија

Кандидатот за пратеник на СДСМ Марјан Даскаловски, одржа прес конференција пред Агенцијата за вработување во Струмица презентирајќи ги мерките за вработување од програмата за промени. Во прилог  интегрален текст од денешната прес конференција.

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите

Невработеноста е еден од најгорливите проблеми во Република Македонија, која го разјадува нормалното функционирање на нашето семејство и општество.
Македонија е најсиромашна земја во Европа, меѓу другото, токму и поради продлабочувањетo на проблемот со невработеноста.
Безидејноста на Владата на чело со Груевски и немањето на конкретни мерки за справување со овој проблем во изминатите 8 години, беа причини прашањето со невработеноста да биде една од повеќето дамки во работењето на владеачката партија. За да не биде така во очите на јавноста, власта посегна по бришење на голем дел граѓани од списокот на невработените, да презентира фиктивни вработувања и на тој начин да ја лажe јавноста за божемно намалување на процентот на невработеност. Да беше така, немаше од Македонија да се иселат преку 400 илјади граѓани, главно млади и високообразовани кадри.
Овој тренд мора да престане, велиме ние од СДСМ и затоа во нашава програма ги нудиме следните мерки за справување со невработеноста.
Политиките за вработување ќе се базираат на два столба, забрзан економски развој и активни мерки за вработување
За таа цел, идната влада на СДСМ ќе ги преземе следниве мерки и проекти:
-Во буџетот го зголеми износот за активни мерки за вработување;
-Ќе ги поедностави процедурите за користење на овие средства;
-На крајот од четвртата година од мандатот во буџетот ќе бидат издвоени 30 милиони евра за активни мерки за вработување во приватен сектор;
-Агенцијата за вработување, од формално биро за евидентирање на бришење на невработени, ќе ја претвориме во вистински сервис за посредување при вработување.
Ете затоа треба да ги направиме овие промени, нов почеток за подобра Македонија.

Comments are closed.