ОРЦЕВ: За разлика од ВМРО ДПМНЕ, во програмата на СДСМ, централно место има земјоделецот

Денеска во просториите на ОО СДСМ Струмица, кандидатот за пратеник од редовите на СДСМ Панче Орцев одржа прес конференција.

Во прилог, интегрален текст од денешната прес конференција:

,,Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите

Тешко и горко на она земјоделство за кое се осудува да зборува човек, кој нема три чисти со реалните потреби на луѓето кои вадат парче леб од оваа дејност. Би му порачал на Ставревски да ги посети обичните земјоделци и да ги види резултатите од мерките на Владата во делот на аграрот.

Факт е дека состојбата во земјоделството е многу лоша:

-Неисплатени субвенции или селективност во нивната исплата;

-Злоупотреби во исплатата на субвенциите, што и самите го потврдуваат;

-Злоупотреба на земјоделското земјиште дадено под концесија;

-Неискористување на европските пари од ИПАРД фондовите кои се враќаат назад поради неспособност на Владата;

-Злоупотреби со лажни странски инвеститори од типот на Субрата Рој, кои служат само за перење пари од страна на оваа власт.

Истовремено, му порачувам на Ставревски, да не ги лаже граѓаните за системот за наводнување „Маркова река“. Тој, подобро од сите, знае дека пари во буџетот за 2014 година за тоа не беа предвидени, а покрај тоа браната е во целосно руинирана состојба после минатогодишните поплави.

За разлика од ВМРО ДПМНЕ, во програмата на СДСМ, централно место има земјоделецот:

-Повеќе субвенции, навремено и чесно исплатени субвенции и развојни субвенции, што значи повеќе пари за секое зголемување на посадена површина или број на грла. Субвенции за втора култура или двојно субвенционирање;

-Целосно укинување на персоналниот данок на земјоделското производство;

-Зелена нафта за земјоделците која ќе биде за 50% поефтина од редовната цена;

-Бенифициран стаж со кој се добива еден месец повеќе на изработени 12 месеци и доделување на државна социјална пензија на секој што нема никакви примања;

-Реално вложување на 10 милиони евра секоја година за системите за наводнување, и 30% субвенции за секој кој сам ќе инвестира во свои системи за наводнување;

-Низа на мерки кои имат за цел, регулирање на пазарот на земјоделски производи, а со тоа и олеснување во делот на откупот и продажбата на истите тие производи.

Ете, така ќе изгледа вистинската посветеност за развој на земјоделството.

Ете, таква ќе биде грижата за земјоделските производители.

И кога власта вели „ИМА РАЗЛИКА”, ние велиме ДА ИМА РАЗЛИКА И ТОА ГОЛЕМА.’’

Comments are closed.