Марјан Даскаловски во посета на фабриката „АлМак“ во Струмица

Кандидатот за пратеник на СДСМ, Марјан Даскаловски, ја посети фабриката за производство на мебел „АлМак“ во Струмица. Идната Влада на СДСМ ќе води политика на оттргнување на политиката од економскиот живот, рече Даскаловски пред вработените. Ќе ги отстрани сите можности државните институции да ги уценуваат фирмите, ќе се залага за независност и транспарентност на институциите.

„Ќе ги изедначиме условите за финансирање за инвестирање, нема да правиме разлика помеѓу домашни и странски инвестиции. Владата ќе реализира проект „Отворен регулаторен прозорец“ што ќе значи постојана комуникација меѓу бизнис заедницата и Владата.

Проект „Национален бизнис совет“ во кој ќе учествува претставници на бизнис заедницата, стопанските комори, малите и средни претпријатија на кои што ќе се изнаоѓаат можни решенија за проблемите. Идната Влада на СДСМ ќе издвои буџет од 20 милиони евра секоја година за покривање на трошоците на фирмите за камата за кредити за новозапочнати проекти со услов на отворање на нови работни места.

Ќе се даде на користење неискористени парцели државно земјиште. Целосно укинување на давачки при увоз на опрема наменета за нови проекти со услов отворање на нови работни места. Фирмите кои што во земјата ќе доведат познат бренд или кои што сакаат да отворат нов бизнис, а ќе привлечат странски партнер ќе можат да конкурираат за заем од државата во висина од 15 до 50 илјади евра. Субвенционирање на камата за кредити и ослободување од такси за извозни царински декларации.

Но најважно од се, ќе ја намалиме казнената политика. Казните и глобата ќе ги намалиме за 50 отсто, а пред фирмата да се казни ќе биде опоменета“, истакна Даскаловски.

 

Comments are closed.