ОО СДСМ СТРУМИЦА:ВМРО ДПМНЕ продолжува со својата демонстрација на сила

Денеска ОО СДСМ Струмица одржа прес конференција по повод денешните случувања пред судот во Струмица.

,,Само еден ден по одржувањето на првиот  круг од изборите за Претседател на Република Македонија, кои беа се, само не фер и демократски, ВМРО ДПМНЕ  продолжува со својата демонстрација на сила.
По многуте преседани, денес се случи нов преседан.

МВР денес ги лиши од слобода лицата Абдула Асанов, татко на пет деца и Асан Асанов – негов татко, инаку срцев болесник, само поради изјава на нивен сосед дека споменатите со сила го терале да гласа за СДСМ. Очигледно лажната изјава е дадена по присила на луѓе од  ВМРО ДПМНЕ и ним блиски институции, бидејќи соседот на Асанови сакал истата да ја промени и да произнаа дека станувало збор за нетрпеливост поради нерешени имотно-правни односи. Но се разбира судот и јавниот обвинител притиснати од ВМРО ДПМНЕ  тоа не сакале да го земаат во предвид. Како резултат на тоа обвинителот им одредува на Абдула и Асан Асанови мерка притвор од 14-28 денови, иако заменик обвинителот смета дека не постои обвинение за притвор.

Целта е сосема јасна и провидна, а тоа е Асанови да не можат да бидат партиски активни во пресрет на изборите. Истовремено, станува збор за брутален реваншизам на ВМРО ДПМНЕ поради тоа што нивниот претседателски кандидат загуби на вчерашните избори во општина Струмица.

Секому треба да му биде јасно дека СДСМ е доволно силна партија која може и мора да ги штити своите членови и симпатизери без разлика на нивната етничка, верска и социјална припадност, особено кога им е нанесена неправда како во случајт со Асанови. Едно е повеќе од сигурно, луѓето од ВМРО ДПМНЕ немаат ни срам ни образ ни чувство за правда.

Comments are closed.