Орцев и Даскаловски најавија бројни мерки пред струмичките пензионери

Сите заслужуваат поголеми пензии  и олеснување во делот на трошоците за превоз на пензионерите, порачаа денеска кандидатите за пратеници од Струмица, Панче Орцев и Марјан Даскаловски пред струмичките пензионери.

Тие ја претставија  програмата на СДСМ,  каде што во центарот на вниманието се граѓаните. Орцев и Даскаловски во своите говори посочија неколку мерки, а воедно го кажаа и мотото од програмата токму за оваа група на граѓани кое гласи „Сите имаат право на безбедност и достоинство во својата старост“.

Кандидатите од СДСМ ветија промени во сите сегменти, вклучително и во делот на пензиите, со цел да им се овозможи подобар живот. Тие повикаа на масовна излезност на 13-ти и 17-ти април за остварување на промените кои ги најавува новата влада предводена од идниот премиер Зоран Заев.

Comments are closed.