Хари Локвенец: СДСМ ќе го укине персоналниот данок за земјоделците

Идната влада на СДСМ ќе води аграрна политика со која земјоделците ќе живеат подобро, ќе имаат сигурен пласман и квалитетни услови за живот во својата средина, рече Хари Локвенец носител на листата на СДСМ и коалiцијата во четвртата изборна единица на средбите со граѓаните во Струмичкиот регион вчера.

-Свесни за тежината на работата која ја работат земјоделците следниот период од 28 април па натаму персонален данок за земјоделците нема да има. Голем трошок е исто така нафтата. Нивата треба да се изора, треба да се појде до неа, па после да се собере летнината. За сето тоа понудуваме субвенционирана зелена нафта, нафта која ќе биде на половина од цената од таа што ја користат возилата за превоз. Свесни за трудоинтензивните карактеристики на земјоделството, понудивме бенефициран стаж за земјоделците. Секои дванаесет месеци ќе се пресметуваат како тринаесет, рече Хари Локвенец, носител на листата на СДСМ и колалицијата во четвртата изборна единица на вчерашните средби со граѓаните во Струмичко.

Comments are closed.