Зоран Заев им го честита Меѓународниот Ден на Ромите

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, им го честита Меѓународниот Ден на Ромите 8 април на припадниците на ромската заедница во Република Македонија. Во честитката на Заев стои:

„Дозволете ми во мое лично име и во име на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија на сите припадници на ромската заедница во Република Македонија да им го честитам Меѓународниот Ден на Ромите. Осми април е ден кој со гордост го прославува големoто етничко малцинство во Европа и можност да се потсетиме на историјата, искуството и наследството на Ромите.

За жал, во нашата земја ромскиот етникум сè уште е социјално најзагрозената заедница. Секојдневната борба со дискриминацијата, потпросечните услови за живот, тешкотиите во пристапот на образование и вработување треба да бидат приоритет за решавање и надминување на ваквата состојба на ромската заедница во државата. Борбата за подобрување на социјалната и економска состојба на Ромите не смее да престане. Тоa е перманентен процес кој бара секојдневни активности и ангажмани.

Ромите се нераздвоен дел од државното ткиво на Република Македонија, кои со својата посветеност, милениумска култура и традиција, придонесуваат кон градење на стабилно мултиетничко и мултикултурно општество. Нека ви е честит празникот и заедно да го славиме уште многу години“– стои во честитката.

извор: www.sdsm.org.mk

Comments are closed.