Заев: По Велигден ќе воскресне демократијата во Македонија

Претседателот на СДСМ од Босилово ја упати порака дека овој април, по верскиот празник Велигден во Македонија повторно ќе се врати демократијата и слободата.

„Пред Велигден Стево Пендаровски ќе ги најави промените за нов почеток а по Велигден во Македонија ќе воскресне и демократијата и слободата“ рече Заев.

Струмица е мојата гордост. Вие ме знаете и каков сум и што можам да направам. Затоа расположението од овде се рашири низ целата земја,  истакна претседателот Заев на средбата со струмичани вчера.

Кога гледаме во нашие празни џебови, Груевски вика добро е. Кога документирано и со факти ги вадиме неговите криминали, Груевски вика чесни се. И наместо премиер на Република Македонија тој е градоначалник на Скопје.

Неуспешен градоначалник на Скопје кој парите на граѓаните ги троши на бронза и мермер, наместо во подземни улици и гасификација. Струмица веќе тоа го има без еден денар кредит, нагласи Заев.

Претседателот Заев ја побара поддршката на неговите струмичани за премиер на Република Македонија.

„Исправено и достоинствено стојам овде пред вас, дома, како што е  редот да ја побарам вашата поддршка. Да успеавме овде, за да успееме и во Македонија. Мојата цел е да оставиме трајни белези и успеси за идните генерации да паметат кога Заев бил премиер на Република Македонија, рече тој.

На собирот се обратија и кандидатите за пратеници во четвртата изборна единица, Марјан Даскаловски и Панче Орцев. Тие порачаа граѓаните да гласаат за победничкиот број, на 13-ти за бројот 3 а на 27-ми април за бројот 1. Да гласаме за чесни луѓе и домаќини, беше нивната порака до граѓаните.

Comments are closed.