Заев од Муртино: Барам поддршка за промени и нов почеток за Македонија

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев синоќа се обрати на граѓанскиот собир во населеното место Муртино, струмичко.

Ова е земјоделски крај, земјоделците се осиромашени, без денар во џебот. Со промените што ги најавува СДСМ, парите ќе се вратат назад кај земјоделците! Ако земјоделецот има, ако е среќен, и Македонија ќе има и ќе биде среќна, потенцираше Заев.

Дојдов овде во Муртино да ја побарам вашата поддршка за промени и нов почеток, дома, како што е редот. Од улиците по коишто трчав, сите роднини, сите пријатели, колеги со коишто сум работел, ме знаат каков човек сум. Баш таков, човек пред се, другар, ќе бидам и како премиер на Република Македонија, нагласи Заев.

„Овде беше мојот почеток. Сега одовде барам поддршка за нов почеток за Македонија. Заедно да ја промениме Македонија за подобро утре.“ рече Заев.

Носителот на изборната единица четири Хари Локвенец, истакна дека понесува голема чест но и одговорност бидејќи е носител на најуспешната изборна единица која во претходните изборни циклуси ја предводеше претседателот Заев.

 

 

Comments are closed.