СДСМ:Парите заработени со пот мора да се вратат кај земјоделците

Заменик претседателот на Социјалдемократскиот сојузна Македонија, Радмила Шеќеринска, заедно со кандидатите за пратеници од Струмица, Панче Орцев и Марјан Даскаловски, денеска се сретнаа со жителите на Банско, Куклиш и Вељуса. Граѓаните се пожалија на кастастрофалната состојба во земјоделството и истакнаа дека субвенциите се доделуваат на оние кои не се занимаваат со земјоделство.

Кандидатите за пратеници презентирајќи им ја програмата рекоа дека ваквата состојба може да се промени со новите политики на СДСМ кои гарантираат сигурни субвенции, поефтина нафта, ревизија на државното земјиште и нула персонален данок за заработеното од земјоделството.

 

Comments are closed.