Соопштение од општина Струмица: Незаконско е отпочнувањето на изградбата на струмичкиот театар

Со вчерашното предизборно поставување камен темелник за изградба на старо-новиот театар во Струмица, се случи невиден преседан во режија на Никола Груевски и неговите владино-партиски соработници.

 Согласно важечките закони во земјата, Општина Струмица е институцијата, која во конкретниот случај, треба да изработи пресметка за надоместок за уредување на градежно земјиште. Но до ден денешен таква пресметка ниту постои, ниту Министерството за транспорт и врски  побарало од Општина Струмица истата да биде изработена.

 Згора на тоа, Премиерот кој вчера побрза да се фати за лопата, веројатно намерно заборави дека добиеното одобрение за градење,за кој самиот спомена дека е добиено вчера наутро, треба да стане правосилно.

 Повеќе од јасно е дека оние кои ги носат законите во оваа држава, а потоа на големо ги рекламираат преку медиумите, се всушност истите луѓе кои потоа ги кршат тие закони.

 Незаконското отпочнување со  изградба на струмичкиот театар, е класичен и најдобар  пример за тоа.

Comments are closed.