Заеви оваа година се маскираа како Самурај и Гејша

На годинешниот „Струмички Карневал“, Градоначалникот на Струмица и претседател на СДСМ, Зоран Заев, со неговата сопруга Зорица се маскирани како Самурај и Гејша.

-Јас се надевам дека и оваа година впечатокот за струмичкиот карневал ќе биде незаменлив за да го оправдаме секако нашето место меѓу дваесетте најдобри карневали во светот. Вечерва јас сум Самурај, а мојата сопруга Гејша, секако воин кој што симболизира заштита на честа во Јапонија и се надевам дека токму овој воинствен изглед на претседателот на СДСМ и градоначалник на Струмица најавува фер, воинствена и политичка битка на нашата политичка сцена која претстои во наредните месеци, рече Заев на вечерашниот маскенбал.

 

Comments are closed.