Членови на ВМРО-ДПМНЕ преминаа во редовите на СДСМ

Незадоволни од политиките на владејачката партија, членови на ВМРО-ДПМНЕ од Струмица денеска ги фрлија своите книшки и преминаа во редовите на СДСМ.

Секогаш бевме во првите редови за заложбите на партијата, но кога нам ни е потребна помош, раководството на ДПМНЕ го нема никаде. Многу години сме  без работа и егзистенција, велат незадоволните членови на веќе за нив поранешната ВМРО-ДПМНЕ.

„Гледам веќе дека нема никаква егзистенција од ВМРО-ДПМНЕ.  Многу години сум без работа, но никој од партијата ме нема прашано како и од што живеам. Секојдневно барам по 20 денари за леб, за да преживеам. Многу членови на ВМРО-ДПМНЕ имаат добиено помош од Зоран Заев и затоа народот нека се свести кој му помага“, изјави Зоран Милевски.

Незадоволните членови кои се откажаа од владејачката партија истакнаа дека биле во поголем број,  но не сакале да говорат пред камерите поради големиот притисок од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Comments are closed.