Костадин Костадинов реизбран за претседател на ЛК СДММ – Струмица

Костадин  Костадинов е повторно избран за  претседател на Локалниот клуб на Социјадемократската младина на Македонија во Струмица.

Вака одлучија младите социјадемократи на вчерашната Изборна конференција на ЛК – СДММ- Струмица, одржана во Домот на АРМ.

На конференцијата се одбраа и новите осумнаесет членови на Извршниот одбор, како и пет членови на Надзорен одбор, а на истата присуствуваше и претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Реизабраниот претседател на ЛК СДММ, Костадин Костадинов, ова функција ја извршува од декември 2011 година. Роден е 1990 година во Струмица,а по професија е дипломирани економист.

Comments are closed.