Панче Орцев:Се што имам е тука во Струмица, а ти Васил Пишев?

Пратеникот од редовите на СДСМ, Панче Орцев, денеска реагираше по повод прес конференцијата на Васил Пишев на која што СтрумицаСити не беше повикана.

„Сакам да кажам дека колегата Пишев веќе подолго време покажува знаци на нервоза, на растревоженост со тоа што не сака да ги прифати резултатите од локалните избори кои се одржаа во Струмица речиси пред 1 година.

Сакав овде директно да му одговорам на неговото прашање, дека Панче Орцев ниту потпишал ниту дал ниту изјавил дека лаже и да го потсетам дека не е коректно да се коментират судски одлуки и да се мафта со одредени судски документи.

Ја користам оваа прилика јавно да го повикам колегата Пишев,  па Василе,  ајде конечно охрабри се, осмели се и кажи им на граѓаните на Р.М, на граѓаните на Струмица, онака машки, конечно одговор на неколку прашања.

- Дали имаш семеен бизнис во Република Бугарија?

- Дали имаш личен документ којшто е издаден од овластени институции од соседна Република Бугарија?

- Дали ја знаеш адресата „Квартал Еленова“ број 1, стан 6, апартмант 23 во Благоевград?

Ако ги знаеш овие одговори, кажи ги. Ако не ја познаваш адресата, кажи, нема проблем. Ако немаш семеен бизнис во Република Бугарија, исто така нема проблем, излези и кажи.

Јас само ќе ти кажам, ако имаш нешто таму, тогаш ќе те потсетам на една изрека на твојот лидер Груевски, дека вистината е како шило и секако ќе излезе на виделина.

За нас политичарите секако дека граѓаните одлучуваат и тоа на избори. Јас на крај можам да кажам дека јас,  Панче Орцев, се што имам е тука во Струмица, а ти Васил Пишев?“ – изјави пратеникот Панче Орцев, како одговор на вчерашната изјава на пратеникот Васил Пишев.

 

Comments are closed.