OO СДСМ Струмица: Премиерот и министрите вчера зад себе ни ја оставија само маглата

ОО СДСМ денеска одржа прес – конференција по повод вчерашната отворена трибина со струмичани на премиерот и министрите во НУЦК „Антон Панов’’. Во продолжение интегрален текст:

Добро е што премиерот Груевски и пола од неговата Влада вчера и лично се уверија во своите дела во општина Струмица.

Да, премиере Груевски, скопскиот барок не ја топли салата на националната институција  Центар за култура „Антон Панов“ каде што во студ ја поминавте трибината. Државните институции во градот пропаѓаат и тонат во долгови, без елементарни услови за нормална работа. Студената сала е доволен контра аргумент на сите ваши себе пофалби пред партиското членство.

Но бидејки и тие се граѓани на Струмица, и се лекуваат по руинираните болнички одделенија, и нивните деца одат во градинка во групи од 40 дечиња на воспитувачка, прашуваме, дали барем ним им одговоривте:

-Што се случува со најавената болница во Струмица и каде е ветената опрема за Ургентниот центар?

-Зошто не дозволувате Медицински центар Струмица да се гасифицира кога гасот како најефтин енергенс во Струмица е достапен, додека во Скопје рекламирате идна гасификација на Клинички центар?

-Зошто министерот за образование не потпишува согласност за вработување на дополнителен кадар во градинките каде една воспитувачка работи со по 30 до 40 деца?

Ова очекуваат да го слушнат, сите граѓаните на Струмица. Којашто што расте, рамо до рамо со европските градови, и со селективниот пристап на централната власт.

Премиерот и министрите вчера зад себе  ни ја оставија само маглата, за жал.

Comments are closed.