Незадоволни земјоделци со седум прашања до премиерот

Претседателот на Комисијата за земјоделство при ОО СДСМ Струмица, Ѓорги Ѓоргиев, во присуство на повеќе од дваесеттина земјоделци, постави неколку прашања до премиерот и министрите кои вечерва имаат отворена дебата  со граѓаните  во Струмица.

 

Во проделжение интегрален текст:

,,Дознавме дека денес сте дојдени во нашиот град Струмица, па затоа ја користиме оваа прилика да ги искажеме своите маки, за кои секој ден сте се поглуви. Есенската реколта остана да скапува по полињата, нашиот тутун скапува во подрумите, субвенциите не се исплатени, материјалите се се` поскапи, а Вие не претставувате како земјоделски рај’’.

Сакаме да ни одговорите на следниве прашања

1.Зошто исплаќате само 15 % од проценетата штета за поплавите?

2.Ветивте дека ДДВ-то за земјоделските репроматеријали ќе биде 5 посто, а се уште е 18 посто?

3.Зошто го воведовте персоналниот данок на земјоделците на 2 посто?

4.Зошто проценката на овогодинешната проценка на тутунот е декласирана од една до две класи?

5.Зошто ги натеравте земјоделците да ги регистрираат своите трактори, а истите тие не учествуваат во сообраќајот и колку со овие регистирации ќе се наполни буџетот на сметка на земјоделската мака?

6.Зошто штетите во општините Василево, Босилово и Ново Село не се одобрени, дали е тоа резултат на нереалните проценки на комисиите, кои според наши сознанија Вашите локални шерифи натпишуваа астрономски штети, а вистинските оштетени граѓани не се ни ставени на списокот на оштетени?

И последното прашање до Вас премиере,

Постојано се фалите дека инвестирате во земјоделието, зошто тогаш ние земјоделците сме се посиромашни, па нашите деца спасот за егзистенција го бараат во другите држави?’’ – изјави Ѓорги Ѓоргиев, претседателот на Комисијата за земјоделство при ОО СДСМ Струмица

Comments are closed.