Две кражби во изминатата недела во Струмица

Стан и продавница биле мета на крадците во изминатата недела, пишува во неделниот полициски билтен. Во двете покарактеристични кражби, ограбени се лаптоп, златен накит и цигари во вредност од 134 илјади денари.

Во периодот од 16 – 23 декември се случиле и четири сообраќајни незгоди поради невнимание и неприлагодена брзина, а забележени се пет физички напади.

Во текот на неделата била спроведена и една акциска контрола на алкохол. Од 21 алкотестирани возачи, кај 8 е пронајдена недозволена количина на алкохол во крвта

Comments are closed.