Даскаловски до Груевски: Зошто не дозволувате гасифицирање на Медицинскиот центар – Струмица?

Зошто не дозволувате гасифицирање на Медицинскиот центар – Струмица и зошто министерот не потпишува согласност  за вработување на дополнитиот кадар во детските градинки – ова се прашањата кои ги постави претседателот на ОО СДСМ Струмица, Марјан Даскаловски, на денешната прес- конференција до премиерот кој вечерва доаѓа во Струмица.

Во продолжение интегрален текст:

„Добро е што Груевски по нарачаните прашања по медиумите под негова контрола се охрабри да дојде и да ја види реалноста во Струмица. Којашто очигледно не му дава мир, бидејки општината и без милионите од власта е најуспешна во државата.

Добро е и што Груевски донесе половина Влада со себе, па се надеваме ќе можат сега тие да одговорат на прашањата што ги имаат струмичани за нив.

Прашуваме, што се случува со болницата во Струмица? Изградениот објект со децении стои празен, а некои одделенија работат во субстандардни услови. Како дел од овој објект е и Ургентниот центар. Каде е опремата? Или така ја замисливте болницата? Само фасада? За фотографиите во архивите од сечењето ленти?!

Зошто не дозволувате Медицински центар Струмица да се гасифицира, иако знаете дека гасот како најефтин енергенс во Струмица ви е достапен? Од друга страна како еден од вашите најголеми успеси за заштеда на енергија и заштита на човековата околина го рекламирате проектот во најава за гасификација на Клиничкиот центар Скопје.

Најавувате пакети за намалување на цените на лековите, а граѓаните кратат од храната за да се лекуваат?

Зошто и покрај енормно зголемениот број на деца во детските градинки, министерот за образование не потпишува согласност за вработување на дополнителен кадар? Кога една воспитувачка работи со по 30 до 40 деца?

Ова се само дел од прашањата на кои бараме одговор.

Дружината Братско стебло, предводена од премиерот решила да го напушти загаденото Скопје, обвиено со магла, за да им продава магла на струмичани.

Добредојдовте во Струмица без магла!”  - изјави Даскаловски.

Comments are closed.