СДСМ: Партијата на Груевски купила дуќан во Струмица од 50 илјади евра од својата портпалорка

Интегрален текст од прес конференцијата на  ОО СДСМ Струмица, Марина Никова, одржана на 18.12.2013 година.

„Додека земјоделците ги чекаат неисплатените субвенции а граѓаните едвај го преживуваат денот, ВМРО ДПМНЕ го зголемува и својот недвижен имот.

Минатиот месец, според наши сознанија, партијата на премиерот Никола Груевски купила дуќан во центарот на Струмица за 50 илјади евра! За вршење партиски активности.

Дуќанот, според информациите што ги имаме, е купен од семејството на портпаролката на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, а парите за него треба да бидат уплатени лично на сметката на портпаролката Неда Саклова.

Јавно ги прашуваме во ВМРО ДПМНЕ, од каде пари за купување недвижен имот, во услови кога не покриваат заостанати обврски? Како на пример дупката од околу 3 милиони евра за изборната кампања?

Дополнително, очигледно е дека за ВМРО-ДПМНЕ важат како други закони, така и други цени. Дуќанот е купен за вредност многу пониска од цената на недвижниот имот во централното градско подрачје во градот.

Ова е само еден пример, во еден град, Струмица. Колку вакви примери има во цела Македонија?

Дволичноста на Груевски и ВМРО ДПМНЕ немаат крај.

ВМРО-ДПМНЕ, наместо за граѓаните се грижи само за ВМРО-ДПМНЕ’’.

Comments are closed.