Младите струмички социјалдемократи донираа книги во основното училиште во Рич

Претставници на Локалниот клуб на Социјалдемократската младина од Струмица денеска го посетија основното училиште „Маршал Тито“ во населеното место Рич и донираа книги. На овој начин тие се вклучија во одбележувањето на претстојниот празник Св. Климент Охридски и ја искажаа својата почит кон светите, Климент и Наум.

-Со голема почит кон празникот Св.Климент Охридски и кон дејноста на светите браќа Климент и Наум, денеска, ние младите од Социјалдемократскиот сојуз сме должни да ја продолжиме нивната дејност исто како што и тие пред неколку векови ја продолжиле дејноста на светите браќа Кирил и Методиј.

На тој начин ние, младите од Социјалдемократскиот сојуз ја извршуваме должноста која секој млад треба да ја има на ум …Почит кон македонскиот јазик ,македонската книжевност и просвета.

Со нашата акција укажуваме дека треба да живееме во демократско општество каде секој ќе има шанса да ја збогати својата интелектуална способност и се надеваме дека оваа скромна донација од книжевни дела ќе успее да збогати многу млади умови кои ќе ја продолжат традицијата и во наредните столетија, рече Коста Костадинов претседател на ЛК СДММ Струмица.

 

Comments are closed.