Младинскиот совет ги поканува средношколците на забава

Добар ноќен провод и невообичаена забава на 12 декември за средношколците и младите активисти, вака денеска Младински совет најави уште една активност за овој месец.

Како што велат организаторите, забавата ќе се одржи во клуб „Платинум’’:

„Младите не треба да се грижат за својот изглед и „длабочината на џебот’’ таа вечер. Ги покануваме сите средношколци во името на Младинскиот совет да се појаваат на забавата со бела маичка , а зошто баш така, сами ќе откријаат’’ – изјави Елвира Бекирова од Младинскиот совет.

На најавената забава, младите ќе ги забавува ди – џеј Алек Цветков, струмичанецот кој живее и работи во Словенија.

Comments are closed.