Општина Струмица ќе го одбележи Меѓународниот ден за борба против корупција

Како една од првите општини што воведе систем на интегритет, општина Струмица се вклучува во одбележувањето на Меѓународниот ден за борба против корупција. Во рамките на одбележувањето, утре со почеток во 13 часот во просториите на домот на Арм ќе се промовираат  резултатите од воведувањето на системот  за интегритет во општината, со цел да се истакне важноста на транспарентноста и отчетноста кои се важни за подобра испорака на услуги.

На промовирањето ќе присуствува градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев.

Струмица е меѓу првите девет општини што ја имаат потпишано и усвоено сеопфатната политика за борба против корупцијата која се однесува на решавање на ризиците од корупција на локално ниво.

Исто така, општина Струмица меѓу првите го  воведе и системот на интегритет на локално ниво што и обезбедува зголемена ефективност, поголеми инвестиции, финансиски заштеди и подобра репутација на општината.

 

Comments are closed.