Крводарителска акција по повод Денот на лицата со посебни потреби

Здружението за подршка и помош на лицата со Даунов синдром „Вера’’ од Струмица денеска организираше крводарителска акција во просториите на Трансфузиона медицина со што го одбележи Денот на лицата со посебни потреби. Акцијата ја посети и градоначалникот Зоран Заев кој ја поздрави ваквата хуманитарна акција на здружението „Вера’’

„Како градоначалник ја поздравувам оваа активност заради тоа што оваа наше здружение е вклучено директно во социјалните програми кое секогаш знаело да побара помош заради своето успешно функционирање. Но еве, и денеска како пример тоа покажува како може да помогне на секој оној кој им е потребна драгоцената течност. Посакувам уште многу вакви хумани активности од нашите здруженија. Сакам да ја искористам приликата и да го честитам празникот ’’ – изјави градоначалникот.

Од здружението „Вера’’ велат дека акцијата беше успешна. Се заблагодарија на сите крводарители, како и на Општина Струмица и Црвениот крст кој помогна во реализацијата.

 

 

Comments are closed.