Градоначалникот Заев на традиционална средба со лицата со посебни потреби

Во просториите на Домот на АРМ градоначалникот Зоран Заев одржа традиционална средба со преставниците на здруженијата на лицата со посебни потреби од општина Струмица и претставниците на Заводот за заштита и рехабилитација „Бања Банско“.

Скоро два часа траеше средбата на која градоначалникот Заев и лицата со посебни потреби се дружеа, разговараа за проблемите и заеднички бараа начин како тие да  се надминат за да се овозможи подостоинствен живот на оваа категорија ранливи луѓе.
Откако ги ислуша и ги забележа сите проблеми, градоначалникот Заев рече дека, како и досега така и и овој пат, сите конкретни предлози, а кои се во рамките на надлежностите на општината, ќе влезат во буџетот за наредната година.

„Еве и денеска, традиционално, деветти пат по ред, а по повод меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, општина Струмица заедно со нив дебатира во периодот на донесување на буџетот, за нивните потреби, за нивните пречки во секодневниот живот со кои се соочуваат и согласно нашите надлежности, разгледуваме како би можеле да  решиме барем  поголем дел од нив. Ова помина веќе во традиција, јас сум многу среќен и задоволен заради тоа што по пат на ваков дијалог и дебата, ние од општинските служби воочуваме со кои вистински проблеми се соочуваат лицата со посебни потреби во општината и во регионот, а исто така и тие дознаваат кои се надлежностите на општината за да можеме да ги отстраниме токму тие пречки со кои тие се соочуваат. На оваа средба ги вклопуваме нивните проблеми и нашите плански согледувања за наредната 2014 година” –  рече градоначалникот Заев.

Лицата со посебни потреби му се заблагодарија на градоначалникот Зоран Заев и на Советот на општина Струмица за континуираната поддршка во изминатите девет години.

Comments are closed.