Нема штрајк во ЈП „Комуналец’’, вели претседателот на Синдикатот Бранко Ѓоргиев,

Претседателот на Синдикална организација при ЈПКД „Комуналец’’ на прес конференција изјави дека не постои штрајк во оваа претпријатие и да се невистини информациите  кои во јавноста ги пласираат некои медиуми.

„Најостро ги отфрламе дезинформаците дека во ЈП „Комуналец’’ се штрајкува. Како претседател на основната Синдикална организација при ЈП „Комуналец’’ стојам на располагање на сите медиуми на појаснување на вака настаната ситуација’’ – рече Бранко Ѓоргиев.

 Тој изјави дека не се точни ни објавите во некои медиуми дека вработените се повикувани кај раководителот на потпишување на договори.

„ На разни портали беше наведено дека вработените  штајкуваат, што воопшто не е точно. Исто така се пишува дека постојат некакви договори. Не постојат никакви договори во кои вработените се повикуваат кај ракододителите на работните единици каде се потпишуваат. Се потпишуваше изјава во која вработените го даваат своето овластување на Синдикалната организација да  ја склучи спогодбата околу исплатата на последните три плати. Сакам да истакнам дека единството кај вработените е на големо ниво и сите сме решени да што побрзо го решиме нашиот проблем’’ – изјави Ѓоргиев.

Comments are closed.